Дома Фудбал Италија Анчелоти: Интер може да ја прекине доминацијата на Јувентус

Анчелоти: Интер може да ја прекине доминацијата на Јувентус

Легендарниот италијански тренер, Карло Анчелоти даде свој коментар за престојното дерби во Серија А помеѓу Интер и Милан.

„Милан игра одлично. Пиоли и Малдини завршија исклучителна работа и „росонерите“ сега се на вистинскиот пат. Да имаш играч како Ибра во тимот е бинго. Никогаш не се сомневав во квалитетите на Малдини како директор. Милан оваа сезона може да заврши во Топ 4“, смета Анчелоти.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Интер добро се засили летово, дефинитивно можат да ја прекинат доминацијата на Јувентус. Сметам дека ова ќе биде најнеизвесната сезона во последната деценија. Конте е одличен тренер и има тим за да го освои Скудетото“, заклучи искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анри без двоумење кажа кој мора да ја добие „Златната топка“

Како и сите други, и големиот Тиери Анри има свој фаворит за освојувањето на Златната топк…