Дома Трансфер зона Анчелоти го отпиша, италијанските гиганти го сакаат

Анчелоти го отпиша, италијанските гиганти го сакаат

Шпанскиот десен бек Алваро Одриазола во летниот преоден рок ќе го напушти Реал Мадрид.

Шпанските медиуми откриваат дека Карло Анчелоти нема да смета на него и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Договорот на Одриазола истекува во 2024 година, па Реал сака да заработи на неговото заминување.

Најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат италијанските гиганти Интер и Милан, кои веќе ја започнале битката за неговиот потпис.

Одриазола минатата година запиша само 13 меча за Реал на кои постигна 2 гола.

Претходно една сезона помина на позајмица во Баерн Минхен, но Баварците не ја искористија опцијата за откуп од 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…