Дома Фудбал Италија Анчелоти го одбил Интер пред да потпише за Реал

Анчелоти го одбил Интер пред да потпише за Реал

Карло Анчелоти пред неколку дена седна на клупата на Реал Мадрид, но имал понуда и од друг европски гигант.

„АС“ открива дека Анчелоти добил понуда од Интер, но ја одбил поради своето минато во Милан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интер беше во потрага по тренер после заминувањето на Антонио Конте, а прва желба на „нероаѕурите“ бил Карло Анчелоти.

„Тоа што сум денес му го должам на Милан, не можам да ги предадам“, бил одговорот на Анчелоти.

Анчелоти како играч и тренер помина 13 години во Милан каде освои 15 трофеи.

Во меѓувреме Интер за нов кормилар го назначи Симоне Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотнем го избрка Томас Франк по катастрофалните резултати

По серијата разочарувачки резултати, Тотнем ќе продолжи со нов тренер, откако управата реш…