Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти: Бензема е феноменален, првиот гол го промени мечот

Анчелоти: Бензема е феноменален, првиот гол го промени мечот

Карло Анчелоти не го криеше задоволството после големата победа на Реал Мадрид и елиминацијата на ПСЖ во Лигата на шампиони.

Италијанецот посебно го пофали Карим Бензема кој постигна хет-трик, а како клучен момент го наведе првиот гол.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Победивме на многу тежок натпревар, кој беше уште потежок откако Мбапе даде гол. Со висок притисок успеавме да го постигнеме првиот гол, кој промени се. Отогаш фановите не бодреа и успеавме. Ова беше спектакуларна ноќ“, изјави Анчелоти.

„Со првиот гол на Бензема атмосферата на стадионот тотално се промени и потоа беше шоу. Бензема е фаноменален, за него зборови не се потребни. Но, и без поддршката од навивачите немаше да можеме да го победиме ПСЖ. Го сменив Крос бидејќи тој долго не тренираше, а Родриго и Камавинга дадоа голем притисок“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…