Дома Топ вести Антонио Конте го избра засилувањето од „соништата“!

Антонио Конте го избра засилувањето од „соништата“!

Италијанскиот стручњак Антонио Конте, ова лето од управата на Челзи доби три засилувања, Алваро Мората, Тајмон Бакајоко и Антонио Рудигер.

Спека, ниту еден од нив не беше „засилување од соништата“ за Италијанецот. Тренерот во медиумите откри на кој играч му се воодушевува.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога би имал прилика да избирам напаѓач, тоа би бил Хари Кејн. Тој е комплетен напаѓач. Физички е силен и добар е со топка, без топка и одличен е во воздух. Исто така одлично игра и со двете нозе. Тој е комплетен фудбалер, сигурно еден од најдобрите во светот. Ако сакате да го доведете Кејн во овој момент, сигурно дека ќе треба да издвоите 100 милиони фунти“, изјави Конте.

Да потсетиме, Кејн е најдобар стрелец во Премиер лигата за минатата сезона. Англискиот репрезентативец постигна 29 погодоци на 30 натпревари. Вкупно во целата сезона одигра 38 натпревари и постигна 35 погодоци.

Останува, да видиме како Роман Абрамович ќе реагира на оваа желба на италијанскиот стручњак.

Во продолжение погледнете ги сите 35 погодоци на англискиот репрезентативец во дресот на „петлите“.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…