Дома Фудбал Италија Антонио Конте веќе донесе одлука!

Антонио Конте веќе донесе одлука!

Антонио Конте следната недела ќе има преговори со раководството на Интер.

Иако само една година е на клупата на Нероаѕурите, на големо се пишува дека 51-годишниот стручњак ќе го напушти Интер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанскиот новинар Ромео Агрести синоќа објави дека Конте одлучил да замине од Интер. Ќе има кратка пауза, а неговата цел е во наредните години да седне на клупата на Манчестер Јунајтед.

Веќе се шпекулира и кој ќе го замени на клупата на Интер. Тоа е Макс Алегри кој го замени и во Јувентус каде ја продолжи неговата победничка серија.

Се треба да биде познато во наредните неколку дена, а изгледа дека Конте веќе одлучил да замине.

Конте го предводеше Интер на 54 натпревари и оствари учинок од 33 победи, 12 нерешени и девет порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го насочи вниманието кон дефанзивецот на Манчестер Сити

Раководството на Барселона го истакна засилувањето на одбраната како главен приоритет за п…