Антоан Гризман денеска беше официјално представен како нов фудбалер на Барселона.
Францускиот напаѓач стигна од Атлетико во трансфер вреден 120 милиони евра, и со шпанскиот првак потпшиша петгодишен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако е голема ѕвезда, Гризман сепак не успеа да го добие она кое најмногу го посакуваше, а тоа е бројот седум.
Во текот на кариерата, Французинот беше препознатлив по седмицата, но таа е веќе зафатена и ја носи Бразилецот Фелипе Кутињо.
Затоа Гризман мора да избере друг број, а на крајот се одлучи за бројот 17.