Црвена Звезда славеше против Барселона во рамки на второто коло од Евролигата со 90:82.
Домашниот состав во салата „Пионир“ доминираше уште од самиот старт на мечот, и благодарение на тоа го остварија првиот триумф сезонава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона се наметна во третата четвртина, каде Звезда помалку потфрли, но тоа не успеа да донесе пресврт за Каталонците.
Во таборот на Црвена Звезда од големо значење беше нашиот Перо Антиќ со постигнати 10 поени и 9 скока, а покрај него како најпрецизен се издвои Рочести со постигнати 18 поени.
За Каталонците најпрецизен беше Серафин со постигнати 16 поени.