Дома Трансфер зона Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А.

Италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио пренесува дека за овој напаѓач е заинтересирана Верона за која настапуваше пред девет години.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ребиќ во претходната сезона одигра 23 натпревари за Бешикташ и постигна само еден гол, па неговото заминување е сигурно иако има договор до јуни следната година.

Пред заминувањето во Турција, во Серија А, хрватскиот фудбалер играше за Фиорентина и Милан. Во Германија ги носеше дресовите на Лајпциг и Ајнтрахт.

Ребиќ веќе подолго време е во конфликт со хрватскиот селектор Златко Далиќ и не е дел од репрезентацијата на Европското првенство во Германија.

Коментари
  • Верона го избра новиот тренер

    Екипата Верона денеска го назначи Салваторе Бокети за нов тренер. Бокети го замени Габриел…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …