Дома Фудбал Ансу Фати треба да донесе тешка одлука

Ансу Фати треба да донесе тешка одлука

Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати денес или утре треба да донесе одлука како ќе ја лекува повредата на бутниот мускул, пренесува „Мундо Депортиво“.

 Фати нема среќа со повредите и по трите операции на коленото и долгата пауза, повторно се повреди, па веројатно ќе мора на нова хируршка интервенција.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Фати има опција да ја лечи повредата и со мирување и конзервативна терапија, но тоа е ризично, па веројатно е дека ќе го послуша советот на медицинскиот тим на Барса.

Младата ѕвезда има опција најдоцна до утре да донесе конечна одлука, па најверојатно ќе оди на нова операција, за што денес потврди и Чави.

„За жал дојде моментот да го преживеам најлошиот дел од фудбалот, но никогаш нема да се предадам“, напиша Фати на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исчезна внука на познат српски тренер, полицијата насекаде ја бараше пет дена

Внуката на поранешниот српски фудбалер и тренер Драгослав Степановиќ неодамна исчезна во Г…