Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Анкета на „Би-Би-Си“: Мундијалот во Катар прогласен за најдобар во 21. век

Анкета на „Би-Би-Си“: Мундијалот во Катар прогласен за најдобар во 21. век

Во анкетата на британскиот „Би-Би-Си“ која гласеше кое Светско првенство е најдобро во 21. век дури 78% од гласовите доби неодамна завршениот Мундијал во Катар.

Аргентина во драматично финале на пенали ја победи Франција и токму финалето беше најдобриот натпревар на турнирот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Беше ова Светско првенство полно со изненадувања, а заврши и можеби со најголемото финале некогаш.

Мароко стигна до полуфиналето, Јапонија приреди големи изненадувања, а Саудиска Арабија на отварањето го победни идниот светски шампион“, стои во анкетата на „Би-Би-Си“.

Треба да се спомене дека британската национална телевизија го бојкотираше отварањето на Светското првенство и во неколку емисии предупредуваше на кршење на човечките права во таа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Toлку беше: Тен Хаг доби отказ по две кола!

Баер Леверкузен го отпушти Ерик тен Хаг од позицијата главен тренер, објави познатиот тран…