Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е новиот претседател на Асоцијацијата на европски фудбалски клубови (ЕКА), соопштија денес од организацијата.
Актуелниот претседател на „старата дама“ на ќе го заземе местото на Карл-Хајнц Румениге, кој беше на чело на Асоцијацијата од 2008 година, но пред неколку дена самиот се повлече.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанецот беше избран во конкуренција на претседателите на Реал Мадрид, Арсенал, Баерн Минхен и Лион, а ќе остане на чело на ЕКА до 2019 година.
Асоцијацијата на европските клунови беше создадена во 2008 година, за да ги претставува, развива и заштитува европските клубови. Во моментов во неа членуваат 220 клуба од 53 држави кои се членови на ЕКА.
#ECA is proud to present the newly-elected #ECA Executive Board #ECAGeneralAssembly pic.twitter.com/oDxLYZIFo8
— ECA (@ECAEurope) September 5, 2017