Дома Фудбал Останато Англичаните тврдат: Големите имиња ќе почекаат, ова се двајцата кандидати за превземање на кормилото на Манчестер Јунајтед

Англичаните тврдат: Големите имиња ќе почекаат, ова се двајцата кандидати за превземање на кормилото на Манчестер Јунајтед

Јунајтед денеска остана без тренер откако што Жозе Мурињо доби отказ по лошите резултати во Премиер лигата.

Екипата во следните неколку дена на тренинг ќе ја води Мајкл Керик, а тоа е само купување на време кое управата на клубот го има се помалку. Стратегијата на Јунајтед е да ангажира тренер кој ќе биде до крајот на сезоната, а потоа на лето да се побара решение за долга патека – фаворити се Мануел Покетино, Антонио Конте и Зинедин Зидан.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, клубот ќе мора да пронајде тренер кој ќе го извлече максимумот од сезоната, а „The Guardian“ тврди дека во игра има две опции. Прва е Лоран Блан, Французинот настапуваше на „Олд Трафорд“ две сезони како играч, а има доста искуство како тренер на ПСЖ и селектор на Франција. Без ангажман е и заинтересиран е за клупата на гигантот па дури и на шест месеци.

Втората опција е легендата на клубот, Оле Гунар Солскајер, Норвежанецот во моментов е на клупата на Молде што не би требало да претставува проблем, меѓутоа тој веќе го водеше Кардиф на Островот и не се прослави, па навивачтие се скептични, а остана се помалку време…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mислел дека некој се шегува со него: Пикадо шампионот Лук Литлер избран за нејсексапиилен маж во Англија!

Британската ѕвезда во пикадо, Лук Литлер, познат по својот извонреден талент, духовитост и…