Аргентинецот Лионел Меси заработи повреда во победатан а својот тим над Торонто со резултат 4:0.
Maнчестер Сити ја победи Црвена Звезда со 3:1 во првото коло од Лигата на шампионите во вторникот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 45 минута српскиот тим изненадувачки поведе со голот на Букари, но Сити во второто полувреме постигна три гола за целосен пресврт. По натпреварот Англичаните имаа критики за Звезда и поради спонзорот на овој тим.
Руската нафтена компанија „Газпром“ веќе десет години е спонзор на српскиот гигант, а Англичаните замеруваат на тоа што „Газрпом“ доаѓа од Русија, која година ипол врши инвазија во Украина. Покрај тоа се тврди и дека тоа е компанија која ја уништува околината.
„Со продолжување на промовирање компании кои ја загадуваат околината, УЕФА е помагател во климатската криза. Газпром е најлош пример за тоа тоа. Не само што е еден од најголемите загадувачи во светот, туку нејзиниот профит се слива и во воената машинерија на Путин“, пишуваат Англичаните.