Кога е заработувачката во прашање, тогаш Премиер лигата е сигурно без конкуренција, а доказ за тоа е огромната заработка на клубовите и оваа сезона.
Англиската федерација денес ги објави сумите кои ги поделија клубовите за штитуку завршената сезона, а тие се вртоглави. Доволно е само да се каже дека последнопласираниот Хадерсфилд заработил дури 96,6 милиони фунти, или тоа е еднакво на 110 милиони евра!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно, шампионот Манчестер Сити заработи помалку од вторпласираниот Ливерпул. „Граѓаните“ инкасираа 150,9 милиони фунти, додека „црвените“ заработија 152,4 милиони фунти.
Тоа е поради фактот што во Велика Британија во директен пренос биле пренесувани 29 натпревари на Ливерпул и само 16 меча на Манчестер Сити.
50% од вкупните приходи од Премиер лигата се дели еднакво на сите клубови (како што може да се види на табелата), 25% се дели во зависност на бројот на прикажувани натпревари, а останатите 25% се селат според пласманот.