Дома Трансфер зона Англиско дерби за потписот на Осимен

Англиско дерби за потписот на Осимен

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приоритет на новиот менаџер Тен Хаг ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва желба е токму Осимен.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со агентот на напаѓачот, кој е отворен за преселба во Премиер лигата.

Тен Хаг верува дека Нигериецот идеално ќе се вклопи во тимот, бидејќи веќе ја покажа својата класа во Серија А.

Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 100 милиони евра, а покрај Јунајтед интерес за него покажуваат уште Арсенал и Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…