Португалскиот стратег Жозе Мурињо вчера доби отказ во Манчестер Јунајтед после серијата лоши резултати во претходниот период.
Управата на клубот од „Олд Трафорд“ одлучи да му се заблагодари на Мурињо кој во клубот помина нешто повеќе од две години. Јунајтед оваа година игра далеку под очекувањата, а после поразот од лутиот ривал беше одлучено повеќе да не ги води „ѓаволите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како и во секој клуб Мурињо и во Јунајтед направи неколку работи за кои се уште се зборува.
Откако во летото 2016 година пристигна на местото на Луис Ван Гал една од првите работи кои ги направи беше отстранувањето на легендарниот Рајан Гигс.
Навивачите и тоа како му замерија на тоа, а Мурињо не сакаше да открие поради што го направил тоа. Сега британски „Тајмс“ наведува дека ја открил причината за заминувањето на Гигс.
Гигс до доаѓањето на Мурињо беше прв помошник во клубот она што денес е Мајкл Керик. Сепак, Мурињо му се заблагодарил и му порачал дека нема да биде дел од неговиот стручен штаб поради аферата која ја имал со сопругата на неговиот брат неколку години претходно.