Дома Фудбал Англискиот тренер најави заминување: Оваа работа заслужува тренер од светска класа

Англискиот тренер најави заминување: Оваа работа заслужува тренер од светска класа

Привремениот англиски селектор Ли Карсли по победата над Финска (3:1) во Лигата на нации откри дека не се гледа себеси како трајно решение за изборната позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Мислам дека оваа работа заслужува тренер од светска класа, кој освоил трофеи и поминал многу. Сè уште сум на пат да направам нешто такво“, рече тој на прес-конференцијата.

Карсли ја презеде Англија по заминувањето на Герет Саутгејт по овогодинешното Европско првенство. Тогаш веднаш беше објавено дека планот е Карсли, Ирецот кој претходно ја водеше селекцијата на Англија до 21 година, да ја води репрезентацијата во циклусите на Лигата на нации, додека не се најде трајно решение.

Карсли во досегашниот тек од сезоната одигра четири натпревари, со три победи во нив (две над Финска и една над Ирска) и изненадувачки пораз на домашен терен против Грција оваа недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабијани пред дуелот со Купс: Конечно дојде моментот, со нетрпение чекаме да излеземе на терен!

Македонскиот шампион ФК Вардар утре ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Лиг…