Селекторот Игор Ангеловски денес ја одржа официјалната прес-конференција пред утрешниот натпревар против Ерменија кој е прв од новата сезона во Лигата на нации.
Ангеловски како и што се очекуваше најави напад на трите бода што ќе бидат и тоа како важни на стартот од групната фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Утре ќе играат оние 11 кои ќе биде најподготвени. Ерменија има нови играчи и нов селектор, се обидов да анализирам како играат. Меѓутоа, ние играме дома и ние треба да се прашуваме, да ги поставиме нештата на теренот како што нас ни одговораат и да доминираме. Како и секогаш до сега одиме натпревар, по натпревар сега мислиме само на Ерменија, но ги следиме и другите репрезентации“.
За поразот во минатото издание од 4:0 во Ерменија.
„Изгубивме, но во групата бевме пет бода пред нив. Националниот дрес е мотив сам по себе, не е важно дали против себе ја имате Ерменија или Шпанија“.
Во овој натпревар Ангеловски не може да смета на првиот голман Столе Димитриевски, а на негово место беше повикан Мартин Богатинов. Богатинов им се приклучи на Дамјан Шишковски и Дени Илиев. Ангеловски се уште не избрал кој ќе брани истакан дека сите тројца конкурираат.