Македонија денес ги доби противниците во новата сезона во Лигата на Нации и ќе игра против Естонија, Ерменија и Грузија.
Во овој момент Македонија ја очекува баражот против Косово и тоа е во прв план кај селекторот Игор Ангеловски, но сепак ја прокоментира и групата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Искрено, во овој момент мислиме само на Косово. Но кога веќе ги добивме противниците за новата Лига на Нации согласно нашиот кваитет и прикажана игра целта е иста иста – прво место во групата. Во последните квалификации покажавме дека рамноправно можеме да се носиме со секој противник. Одиме да го освоиме првото место во групата. Противниците не се атрактивни, меѓутоа сигурно поседуваат квалитет“, изјави Ангеловски после ждребот.