Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски го пронајде рецептот – нема промени во тимот!

Ангеловски го пронајде рецептот – нема промени во тимот!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот на фудбалери за пријателскиот натпревар со Норвешка, кој ќе се одигра на 11 ноември во Скопје.

Ангеловски за дуелот со Норвежаните ги повика истите играчи кои беа во конкуренција за последните две квалификациски средби, со Италија и со Лихтенштајн, на кои остваривме добар резултат.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Нема промени во составот во однос на претходните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Сметам дека тоа што функционираше одлично и што ни донесе резултат не треба да го менуваме. На 11 ноември нѐ очекува квалитетен тест-натпревар со репрезентација која во минатото не сме ја победиле. Норвешка негува типичен скандинавски стил на игра, агресивен, со многу дуели, а ги предводи Ларс Лагербег, кој направи фудбалско чудо со Исланд. Се надевам дека на најдобар начин ќе се спротивставиме и ќе го продолжиме трендот на позитивни резултати“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…