Вардар денес го започнува вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите и тоа против германски Кил кој после неколку години одново е еден од главните фаворити за европскиот трон.
Кил својата моќ ја покажа во Скопје кога го победи Вардар со 31:20, а на полувремето беше 16:4. Меѓутоа два пати таков натпревар во кој Ландин правеше чуда, а играчите на Вардар промашуваа зицери тешко дека може да се случи, ние се надеваме дека е невозможно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Кил игра и човекот кој блескаше на неодамна завршеното Европско првенство, Дувњак. Хрватот беше избран за МВП на турнирот. Освен него Кил ги има: Пекелер (најдобар дефанзивец на ЕП), Зрабец и Рајнкинд кој играа за бронза еден против друг, Билик за кој ние немавме решение, тој беше и трет стрелец на турнирот, Ландин беше втор голман…Навистина вака изгледа застручувашки и моќно.
Меѓутоа Стевче Алушовски не се плаши.
„Едно е да се игра за репрезентацијата ,а друго за клубот, меѓутоа свесни сме дека имаат неверојатни играчи. Вардар сезонава два пати изгуби од Кил, ние се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар“, изјави Алушовски пред натпреварот.