Дома Останати Авто Мото Алонсо: Од Формула 1 носам убави спомени, можеби ќе се вратам

Алонсо: Од Формула 1 носам убави спомени, можеби ќе се вратам

Шпанскиот возач Фернандо Алонсо денеска се опрости од Формула 1.

Овој легендарен возач денеска ја извози последната трка и тоа во Абу Даби, а после неа рече дека не знае што носи иднината и дека не е сигурен дали ќе посака повторно да седне во болидот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се што доживеав во Формула 1 се едни убави спомени. Беше ова фантастично патување на кое тргнав како многу мал. Доаѓам од земја која немаше многу успех во Формула 1, а мојот татко не беше возач, така да сум горд на тоа што го направив. Можеби еден ден ќе се вратам како турист или коментатор.“изјави Алонсо, а новинарите инсистираа да одговори дали сака некогаш повторно да се врати во болидот.

„Не знам. Сега ми е потребен одмор. Морам да се соочам со некои нови предизвици. Можеби ќе посакам повторно да се вратам, кожеби во Инфи Кар или Формула. Можеби нема да сакам да се вратам воопшто.“

Да потсетиме, шпанскиот возач во текот на кариерата ја освои два пати титулата светски првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…