Дома Останати Тенис Алкараз призна дека неговиот татко го снимал Ѓоковиќ: Веројатно е точно…

Алкараз призна дека неговиот татко го снимал Ѓоковиќ: Веројатно е точно…

Првиот светски тенисер, Шпанецот, Карлос Алкараз призна дека неговиот татко го снимал Новак Ѓоковиќ на тренинзите на Вимблдон.

Алкараз истакна дека неговиот татко е голем љубител на тенисот и ги следи сите мечеви и сите тренинзи на турнирот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Веројатно е точно. Мојот татко е голем љубител на тенисот. Тој не ги гледа само моите мечеви. Мислам дека доаѓа во комплексот во 11 наутро и си заминува во 22:00 часот кога ќе ги изгледа сите мечеви и сите тренинзи“, изјави Алкараз.

Сепак, Алкараз не верува дека таа снимка ќе му донесе предност во евентуалното финале.

„На сите платформи има многу снимки од Ѓоковиќ. Мислам дека тоа нема да биде некоја предност“, смета младиот Шпанец.

Ѓоковиќ претходно се пожали на медиумите поради ваквата ситуација на Вимблдон и порача дека подобро би било кога тенисерите би имале малку повеќе приватност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…