Дома Македонски спорт Алиоски против Манчестер Јунајтед имаше натпревар за заборав

Алиоски против Манчестер Јунајтед имаше натпревар за заборав

После неколку добри натпревари за Лидс македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски против Манчестер Јунајтед за викендот имаше натпревар за заборав.

Лидс го изгуби овој натпревар со 6:2, а Алиоски не беше на нивото. За дуелот против тимот на Солскјер Џани беше оценет со 5.4 што беше најниска оцека од сите натпреварот. Само еден викенд претходно беше одличен против Њукасл кога и постигна гол, меѓутоа против Јунајтед не беше негов ден.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џани очигледно е далеку подобар како офанзивен крилен играч отколку како класичен бек. Брзината која ја има одлично ја користи во нападот, додека во одбранбените задачи кои му ги дава Биелса не се снаоѓа баш најдобро.

Против Јунајтед немаше ниту еден лизгачки старт, изгуби дури 67% од дуелите и тоа е премногу за играч со дефанзивни задачи. На сето тоа и двете нафрлувања кои ги упати кон казнетиот простор не завршија на посакуваното место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…