Дома Фудбал Италија Алегри јасен: Ако го направам тоа во овој момент би испаднал кукавица!

Алегри јасен: Ако го направам тоа во овој момент би испаднал кукавица!

Тимот на Јувентус вчера доживеа убедлив пораз од Емполи од 4:1, а овој пораз за „старата дама“ дојде веднаш по новата казна и одземените десет бода на табелата во Серија А.

Навивачите освен што се незадоволни од казната, се незадоволни и од тренерот Масимилијано Алегри. Дел од фановите на клубот од Торино бараа и оставка од италијанскиот стратег, но Алегри не помислува на такво нешто.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ако сега си заминам од Јувентус би бил кукавица. Не можам ништо да му замерам на тимот за овој натпревар во ваква ситуација“, изјави Алегри по убедливиот пораз.

Исто така и од раководството на Јувентус потврдија дека во овој момент не размислуваат за смена на Алегри и тој како што стојат работите ќе ја води „старата дама“ во наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бомба од „Енфилд“! Робертсон си заминува од Ливерпул, во јануари потпишува договор со нов клуб!

Најавите велат дека капитенот на репрезентацијата на Шкотска е отворен за потпишување прет…