Дома Фудбал Италија Алегри ја коментираше случката со Таљавенто

Алегри ја коментираше случката со Таљавенто

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри ги предупреди своите фудбалери дека шампионатот се уште не е решен и ги коментираше полемиките кои настанаа после дербито со Интер.

Во медиумите се појавија снимки од разговор помеѓу Алегри и судијата Таљавенто, а тренерот на „старата дама“ тоа го нарече „комедија“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Разговорот со Таљавенто? Во Италија живееме за да правиме полемики. Се појавија кадри кои од целата ситуација направија комедија. Целата измината седмица беше една голга комедија“, истакна Алегри.

„Ова е единственото првенство во Европа кое се уште не е решено. Наполи се уште има шанси да го освои Скудетото. Остануваат уште три кола до крајот, и потребни ни се две победи за да бидеме сигурни. Треба да победиме утре протов Болоња за да можеме да се спремаме за финалето од Купот“, заклучи тренерот на „бјанконерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Понижениот Тен Хаг се враќа во старото јато?

Ерик тен Хаг се израмни во Бајер Леверкузен, но сега е пред нов ангажман. По двегодишната …