Дома Фудбал Останато Алегри: Роналдо е програмиран да победува, Бензема е најдобар напаѓач

Алегри: Роналдо е програмиран да победува, Бензема е најдобар напаѓач

Трофејниот италијански тренер, Масимилиано Алегри после подолго време се огласи во медиумите.

Алегри имаше големо интервју за „Скај Италија“ во кое зборуваше за својата иднина, но и за фудбалерите кои имал шанса да ги тренира, а посебно се осврна на Роналдо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Роналдо е исто така човек и може да погреши, но малкумина се како него. Силата на Роналдо е во тоа што тој е програмиран да победува. Веќе освои 5 Златни топки, толку многу титули, но се уште наоѓа начин и секој ден е мотивиран се повеќе“, изјави Алегри.

Италијанскиот тренер потоа зборуваше за најдобрите напаѓачи во светот и посебно го пофали Бензема.

„Левандовски прави неверојатни нешта. Халанд е добар, но треба да работи уште многу за да стигне до тоа ниво. Ибрахимовиќ во последно време игра како класичен напаѓач, претходно играше по цел терен и правеше на другите да им биде полесно. Според мене Бензема е најдобриот, колку години е во Реал и секогаш е на врвот. Клубот може да донесе многу други напаѓачи, но тешко дека некој ќе го замени Бензема“, истакна Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реакцијата на Новак за голот на Реал за победа. Шпанците го опишуваат како видео на годината

РЕАЛ МАДРИД остана во трката за титулата во шпанското првенство откако со голот на Федe Ва…