Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Не смее да ни се повтори второто полувреме од Кардиф

Алегри: Не смее да ни се повтори второто полувреме од Кардиф

Фудбалерите на Јувентус вечерва на домашен терен го играат првиот натпревар од четвртфиналето во ЛШ против Реал Мадрид.

За Старата дама ова ќе биде прилика да се освети за минатогодишниот пораз во финалето кога Реал Мадрид славеше со убедливи 4:1. Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри порача дека неговата екипа мора да биде максимално фокусирана и не смее да им се повторат грешките од второто полувреме во Кардиф.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Елиминација на таков тим би бил чекор напред за нас и нешто што ќе ни даде поголема самодоверба. Нормално дека го гледав натпреварот во финалето и тоа неколку пати. Во Кардиф во второто полувреме за 15 минути не уништија психички и тоа не смее да ни се повтори посебно во фаза каде имаме и реванш.“ – рече Aлегри и додаде:

„Мора да знаеме како да го контролираме натпреварот бидејќи сме свесни против каква екипа играме. Мора добро да играме првенствено во дефанзивата, а со помош на навивачите од трибините верувам дека можеме да оствариме добар резултат. Ќе видиме дали сме ја научиле лекцијата после поразот во финалето минатата сезона.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …