Јувентус новата сезона ја започнува утре со наптреварот во Верона, а противник е екипата на Киево.
Тренерот на Старата дама, Максимилијано Алегри најави дека од првата минута утре ќе заиграат Роналдо и Леонардо Бонучи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Утре натпреварот ќе го започнат Роналдо, Шчезни, Пјаниќ, Кансело и Алекс Сандро. За останатите ќе видиме. Сите се во добра форма.“ – изјави Алегри.
Смета дека Роналдо добро ќе се вклопи во тимот на Јувентус.
„Роналдо освои пет Златни топки и натаму напредува. Во овие 15 дена ми е јасно дека е различен од другите. Тој само ќе ни помогне со тимска игра да ги добиваме натпреварите.“