Дома Фудбал Италија Алегри: Мечот е поважен за Наполи, отколку за нас

Алегри: Мечот е поважен за Наполи, отколку за нас

Утре на програмата во Серија А е големото дерби помеѓу Наполи и Јувентус, кое може да го одреди понатамошниот тек на сезоната.

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри смета дека овој меч нема да биде одлучувачки во битката за титулата, но е многу поважен за Наполи отколку за неговиот тим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ова не е решавачки меч, но ќе биде многу важен за нив. Наполи е фаворит за титулата, имаат 44 бода и до сега допуштија само еден пораз. Спалети е одличен тренер и сигурно ќе сака да му донесе титула на Наполи, па овој меч ќе биде многу важен за нив“, изјави Алегри.

Тренерот потврди дека Квадрадо, Влаховиќ, Бонучи како и Погба сигурно ќе го пропуштат дербито со Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Необична ситуација во Англија: Тренер замени четири фудбалери уште во првата, еве и зошто!

Поранешната ѕвезда на Премиер лигата и актуелен тренер на Форест Грин Роверс, Роби Савиџ, …