Шампионот на Италија со тешка победа над Киево, а сега го преча сериозен предизвик бидејќи на домашен терен го пречекува Лацио.
Тренерот на „старата дама“, Макс Алегри најави одредени промени во тимот и истакна дека има дилеми со составување на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе има неколку промени. Морам денес да донесам одлука за Матуиди бидејќи е во добра форма, иако подоцна се приклули со тимот. Денес ќе одлучам и за Пауло Дибала. Наскоро ќе играме натпревари на секои три дена и нормално е да има промени“, изјави Алегри.
Алегри изјави дека не треба да биде чудно и ако Роналдо на некои натпревари заврши на клупа.
„Роналдо е вистински шампион кој стигна до овде со огромна работа и жртва. Тој е вистински пример и го крена нивото на целиот тим. Може да се случи на некои натпревари да биде на клупа“, заклучи италијанскиот тренер.