Дома Фудбал Италија Алегри: Дибала мора да сфати дека бројот 10 носи голема одговорност

Алегри: Дибала мора да сфати дека бројот 10 носи голема одговорност

Аргентинскиот напаѓач Паоло Дибала се најде во центарот на вниманието минатата недела кога во наптрвеарот со Парма порано ја напушти клупата и се упати во соблекувалната.

Дибала изненадувачки во ремито на Јувентус и Парма (1:1) беше на клупата за резерви и тоа не го поднесе баш најдобро. Откако Алегри во финишот ја направи третата измена Дибала стана од клупата и замина во соблекувалната во знак на протесет.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Алегри после натпреварот не сакаше многу да зборува на оваа тема и се пошегува со зборовите дека можеби му било ладно. Меѓутоа јасно е дека аргентинскиот напаѓач беше незадоволен.

Тренерот на Јувентус сега на конференцијата пред натпреварот за викендот порача дека Дибала се извинил за своето однесување.

„Дибала се извини и го очекував тоа од интелегентен човек како него. Сфати што направи и дека погреши, тоа го ценам. Клубот го задолжи со бројот десет и мора да разбере дека носи големи одговорност. Ќе игра против Сасуоло и нема потреба да го казнувам. Случајот е затворен“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ваква искреност ретко се гледа: Бевме сра*е!

Вест Хем вчера ремизираше со тимот на Саутхемптон (1:1), а по натпреварот пред камерите за…