Дома Фудбал Италија Алегри вечерва одмара дури седум првотимци!

Алегри вечерва одмара дури седум првотимци!

Јувентус вечерва во рамките на 6-то коло во Серија А ќе ја пречека Болоња во прилично изменет состав.

Тренерот на „бјанконерите“, Алегри реши да „калкулира“ и да им даде одмор на неколкумина првотимци. Италијанските медиуми тврдат дека тренерот вечерва ќе промени дури седум фудбалери од тимот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Одмор ќе добијат Шчешни, Пјаниќ, Киелини, Сандро, Кансело, Кедира и Манџукиќ, меѓутоа во тимот сигурно ќе биде првата ѕвезда Кристиано Роналдо.

„Бјанконерите“ имаат згуснат распоред во следната недела, па поради тоа Алегри реши да направи измени во тимот.

Јувентус веќе во сабота има многу тежок меч и на свој стадион го пречекува најголемиот ривал, тимот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Емотивна сцена: Селекторот на БиХ се расплака по драмата со Велс, ги гушкаше и двајцата синови (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина успеа да се пласира во финалето на баражот за Свет…