Екипата на Борусија Дортмунд наредното лето би можела да остане без неколку големи ѕвезди.
Германските медиуми тврдат дека гигантот од Дортмунд е во финансиска криза, би можеле да останат и без место во Лигата на шампионите, па наводно се спрема распродажба на фудбалерите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неколку медиуми во Германија објавија кои фудбалери се на трансфер листата. Помеѓу нив се и најголемите ѕвезди Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд, од нив Борусија може да заработи и 200 милиони евра.
На листата за продажба според информациите се уште Алекс Витсел, Мануел Аканџи, Рафаел Гереро, Џовани Рејна и Махмуд Дахуд. Доколку овие информации се точни „милионерите“ од нив би заработиле огромна сума.
Секако најголемото внимание ќе биде насочено кон Санчо и Халанд, тоа се фудбалери кои се мета на најбогатите европски клубови.