Дома Фудбал Останато Ал-Сад од Барселона место пари за Чави барал пријателски натпревар?

Ал-Сад од Барселона место пари за Чави барал пријателски натпревар?

Барселона се уште не успеала да го реши прашањето на новиот тренер, но сите се убедени дека на клупата на Каталонците ќе седне Чави.

Во текот на вчерашниот ден Ал-Сад излезе со соопштение во кое порача дека не сака да го пушти Чави во Барселона во овој момент, меѓутоа нешто подоцна се огласи и самиот Чави кој изрази надеж дека клубовите ќе се договорат затоа што тој сака да се врати во Барса.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Дел од раководството на Барселона од вчера е во Катар каде што освен преговорите и го следеа мечот кој го играше Ал-Сад. Чави ги прифатил понудените услови, меѓутоа договор со клубот се уште нема.

Сега се појави информација дека место пари Ал-Сад бара од Барселона да одиграат пријателски натпревар на кој тие би биле домаќини. Така сметаат дека би заработиле повеќе од откупната клазула на Чави.

Наводно и во Барселона немаат ништо против на ваквото барање, па ќе видиме дали навистина се постигнал договор, ако тоа е така потврдата би требало да ја добиеме наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Од Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…