Дома Топ вести Ако шеикот го купи Манчестер Јунајтед ќе тргне по Мбапе

Ако шеикот го купи Манчестер Јунајтед ќе тргне по Мбапе

Шеикот Хамад ал-Тани доколку успее да го купи Манчестер Јунајтед сака да започне револуција на „Олд Трафорд“ со доведување на Мбапе.

Катарецот испрати финалната понуда од 5.5 милијарди фунти, притоа тој обезбедил средства за реконструкција на „Олд Трафорд“ и големи инвестиции за засилувања на тимот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во моментов Ал Тани е фаворит за купување на Манчестер Јунајтед, а медиумите тврдат дека прво засилување може да биде Мбапе.

Мбапе има договор со ПСЖ до 2025 година и францускиот клуб не сака да се откаже од него, па тоа ќе биде тешка мисија за Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа, самиот Мбапе не е задоволен од случувањата во ПСЖ и е спремен за нова авантура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…