Дома Фудбал Репрезентации „Ако Хрватска имаше напаѓачи како Влаховиќ и Митровиќ, ќе играше финале“

„Ако Хрватска имаше напаѓачи како Влаховиќ и Митровиќ, ќе играше финале“

Некогашниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ го коментираше настапот на Србија на Светското првенство во Катар.

Хрватска и понатаму е присутна на Мундијалот и ќе игра четвртфинале со Бразил, додека Србија не се пласираше во ноакут-фазата и групната ја заврши како последна. Мамиќ верува дека ако Хрватска има во своите редови напаѓачи како Влаховиќ и Митровиќ ќе игра финале.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Често пати ме прашуваат зошто Србија нема резултати како Хрватска. Одговорот ми беше едноставен додека не дојде Пикси, многу верував во него и би кажал дека Србија пред него и со него не е истиот тим, но сега на СП видов дека се покажаа старите српски навики.

 Во некои моменти имаа и двојно подобри играчи од нас, но никогаш не направија посебен успех. Мислам дека репрезентацијата ја создаваа по кафулиња и ресторани“.

Настапот на Србија на овој Мундијал го оцени како кастрофален.

„Изгледаа крајно неорганизирано на ова СП. Се однесуваа лошо, за тактичката дисциплина и да не зборувам. Очекував да одат до крај…Ако Хрватска имаше напаѓачи како Влаховиќ и Митровиќ ќе играше финале. Честитки за Петковиќ, Будимир, Ливаја, Крамариќ…Сепак, двајцата кои ги споменав се друга димензија“, смета Мамиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

„Бомба“ од Мадрид: Перез донел одлука за Анчелоти!

Карло Анчелоти нема да остане на клупата на Реал Мадрид! Оваа вест ја пренесоа бројни мадр…