Миралем Пјаниќ константно се поврзува со заминување од Јувентус.
Играчот за врска на „Старата дама“ се поврзува со многу тимови меѓу кои и Барселона, Челзи, ПСЖ и Манчестер Сити, но за сега конкретни понуди нема. Меѓутоа, ако дојде до трансфер, Јуве наместо Пјаниќ ќе го доведе многу добро познатото име. Спремни се да го ангажираат одличниот Н`Голо Канте, иако неговата цена е 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доаѓањето на Канте сигурно би му донело многу на Јуве во дефанзивната линија. Францускиот играч е навистина одличен во запирањето на противничките напади и без дилема е еден од најдобрите фудбалери во светот и човек кој апсолутно сите го сакаат. Сепак, оваа работа е далеку од реализација. Нема официјални понуди, но според тврдењата на италијанските медиуми, управата на Јувентус размислува во оваа насока.
Покрај Канте, со Јувентус се поврзува и играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.