Главната цел на Јувентус оваа сезона е да ја освои Лигата на шампиони, а доколку тоа не се случи, Маурицио Сари ќе добие отказ, тврди „Еуроспорт“.
Познатиот новинар од овој медиум, Пете Шарланд тврди дека Пеп Гвардиола сериозно размислува на крајот на сезоната да го напушти Сити и да се пресели во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Постои можност Гвардиола да го напушти Сити на крајот на сезоната. Го иритураат некои работи како ВАР, нестрплив е и потребна му е промена. Клуб како Јувентус е идеална средина за продолжување на неговата кариера“, смета Шарланд, кој тврди дека Сари е под голем притисок.
„Притисокот е голем. Сари мора да ја освои Лигата на шампиони, во спротивно Јувентус ќе се сврти кон Гвардиола, со кого имаше контакти уште ова лето“, додава еминентниот новинар.