Џанлуиџи Буфон минатото лето после 17 сезони го напушти Јувентус и премина во француски Пари Сен Жермен.
Емотивно беше на неговиот последен натпревар на „Алијанц Арената“, ниту голманот не можеше да ги задржи солзите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа сега спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи откри што се случувало пред заминувањето на Буфон.
„Џиџи нас ни кажа дека оди во пензија. Ние на тоа и се подготвивме, токму затоа му потврдивме на Шчесни дека тој ќе биде нашиот прв голман во новата сезона. На крајот пристигна понудата од ПСЖ, а Буфон ја прифати и си замина“, изјави спортскиот директор на „старата дама“.
Сепак, што и да се случувало сигурно големината на Буфон во очите на навивачите на Јувентус не е можно да биде намалена.