Грчкиот тенисер Стефанос Циципас кажа дека е тешко да се пробиеш во ера на тројцата најдобри тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Циципас во кариерата освои девет титули, а играше и финале на Ролан Гарос минатата година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Мислев дека сум блиску, но Новак, Рафа и Роџер се дел од најдобрата генерација на тенисот. Не е лесно да ги победите и да се издвоите. Без разлика на тоа, мислам дека ни помогнаа да го кренеме тенисот на повисоко ниво. Без нив, сè ќе беше поразлично.
Тие се на врвот долги години, а Ѓоковиќ е еден од најдобрите, додека Надал се врати и почна да освојува титули“, вели Циципас.
Гркот во моментов е на четвртата позиција на АТП-листата.