Гери Невил следната сезона на работа во „Скај Спорт“ ќе се појавува во специјална маица ако Ливерпул ја доби титулата без сезоната да се продолжи.
„Мислам дека би било смешно Ливерпул да не биде шампион. Но еднакво е смешно некои клубови да испаднат ако сезоната не се продолжи. Видовме веќе дека некои земји прогласија шампиони, а некои ја поништија сезоната. Мислам дека поништување на сезоната не е опција за Премиер лигата“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и се пошегува во целата ситуација.
„Нема да си заминам од замјата ако бидат шампиони, но помалку е болно да ги видам како го креваат трофејот без навивачи. Мислам дека ќе спремам посебна маица, чисто за шега и ќе ја носам цела сезона“.
Сепак, Невил уште еднаш го повтори својот став дека и без преостанатите девет кола Ливерпул ја заслужи титулата.
„Ливерпул ја заслужи титулата и тука нема дилеми. Најдобар тим се во лигата и треба да бидат наградени на крајот. Но тоа нема да не спречи да се шегуваме на нивна сметка во наредните 20 години“, изјави Невил.