Фудбалерите на Интер вчера ремизираа против Јувентус во Серија А одигрувајќи 1:1.
Интер одлично го отвори натпреварот и успеа да дојде до предност во 17. минута кога Един Џеко го постигна својот седми гол во Серија А. Јувентус до изедначување дојде во 89. минута. Главниот судија на натпреварот после реакцијата на ВАР досуди пенал, а сигурен реализатор беше Паоло Дибала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Интер беше многу подобар од Јувентус. Не се сеќавам дека гостите имаа некој удар во рамките од голот во текот на натпреварот. Ако вчера Интер го имаше Лукаку ќе победеше со 3:0“.
Пеналот кој го доби Јувентус?
„Не би сакал да го коментирам. Не гледам како Јувентус ќе изедначеше ако не беше тој пенал, воопшто не создаваа сериозни шанси за гол“, смета Бергоми.