Дома Фудбал „Ако Барселона победи во „Ел Класико“ сезоната во Ла Лига е завршена“

„Ако Барселона победи во „Ел Класико“ сезоната во Ла Лига е завршена“

На програмата во Шпанија утре е големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Барселона во оваа пресметка со најголемиот ривал влегува со девет бодови преднсот на табелата.

Со евентуална победа Каталонците ќе одат на „плус 12“ и според многумина во таква ситуација сезоната е завршена, тешко дека избраниците на Чави ќе си дозволат да испуштат толкава предност во преостанатиот дел од сезоната.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Такво мислење има и поранешниот играч на Реал Мадрид, Иван Елгера.

„Ако Барселона го победи Реал Мадрид во „Ел Класико“, сезоната во Ла Лига е завршена“, кратко порача за „Марка“, Елгера.

Барселона победа против Реал Мадрид на домашен терен нема уште од 2018 година, па тоа е нешто што им дава надеж на фановите на „кралевите“. Дербито е закажано во терминот од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА: Мареска понуди 70 милиони за ѕвездата на Серија А!

Според италијанските медиуми, менаџерот на Челси, Енцо Мареска понуди 70 милиони евра за ѕ…