Академија Пандев го потврди заминувањето на тренерот Александар Васоски.
Како и што беше најавено, Васоски кариерата ја продолжува во Босна каде што ќе работи во тимот на Сараево. Договорот помеѓу Васоски и А.Пандев е раскинат спогодбено.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Академија Пандев и тренерот Александар Васоски спогодбено се разделуваат. Желбата на Васоски ќе ја испочитуваме и му посакуваме големи успеси во новиот тренерски предизвик во ФК Сараево. Шефе ти благодариме на соработката!“, соопштија од клубот.