Дома Фудбал Англија Азар: Не ме интересираат коментарите на Сари, јас сум лидер!

Азар: Не ме интересираат коментарите на Сари, јас сум лидер!

Белгискиот репрезентативец и прва ѕвезда на Челзи, Еден Азар после вчерашниот натпревар против Тотенхем му одговори на тренерот Маурицио Сари.

Италијанскиот тренер изјави дека Азар е фантастичен фудбалер, но дека е индивидуален и не е лидер.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Да бидам искрен не ме интересира што кажал тренерот. Јас едноставно го играм својот фудбал, фокусиран сум на тимот и го давам најдоброто од себе“, истакна Азар.

„Секогаш сум тврдел дека на теренот сум лидер. Мислам дека сум лидер на овој тим“, заклучи Белгиецот.

Челзи синоќа го порази Тотенхем и се пласираше во финалето на Лига Купот, а Азар беше избран за играч на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпански „АС“: Модриќ му понуди на Реал три предлози за да остане

Лука Модриќ овој викенд последен пат ќе игра пред навивачите на Реал Мадрид. Иако ќе биде …