Еден Азар верува дека може да даде многу за својата репрезентација на Светското првенство и сонува да игра во финалето.
После слабите години во Реал, Азар е многу критикуван, но тој се уште верува во своите квалитети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас секогаш ја задржувам насмевката. Имав многу тешки месеци во кои не успеав да влезам во ритам. Но ќе покажам дека можам да го направам тоа и не се сомневам во себе си. Сепак, разбирам зошто другите се сомневаат во мене“, изјави Азар.
„Се чуствувам добро физички. Се разбира, ми недостасува ритам, бидејќи не играм редовно. Но, јас не ги загубив наеднаш моите квалитети. Ова е моето трето Светско првенство и ќе покажам дека Белгија може да смета на мене. Сонувам да играме во финалето“, додаде Азар.