Дома Македонски спорт Адис Јаховиќ ќе има нов клуб

Адис Јаховиќ ќе има нов клуб

Mакедонскиот напаѓач Адис Јаховиќ повеќе не е фудбалер на Бодрумспор откако го раскина договорот со овој клуб.

Јаховиќ си заминува од Бодрум на шест месеци пред истекот на договорот. Двете страни имаа потпишана соработка до месец јуни 2024 година, меѓутоа дојде до спогодбен раскина.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во Турција Јаховиќ е од 2018 година и нема да е изненадување ако продолжи да настапува во оваа земја.

Освен за Бодрумспор, Јаховиќ во кариерата во Турција играше уште за Гозтепе, Анталијаспор, Малатијаспор и Коњаспор.

Кога во прашање се клубовите надвор од Турција беше дел од Македонија Ѓорче Петров, Вележ Мостар, Сарајево, Железничар, Вил, Цирих, Ријека, Ворскла и Самара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…