Дома Македонски спорт Адис Јаховиќ се повлекува од репрезентацијата на Македонија

Адис Јаховиќ се повлекува од репрезентацијата на Македонија

Македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ објави дека се повлекува од репрезентацијата.

Јаховиќ чувствува дека повеќе не може да помогне на вистински начин и преку писмо објави повлекување. Селекторот на македонската А селекција, Благоја Милевски повеќе нема да може да смета на напаѓачот кој има 19 настапи и три голови во дресот на Македонија. 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да настапуваш во дресот на македонската репрезентација е исполнување на детскиот сон. Токму затоа воопшто не е лесно да се каже збогум, но сега е време за тоа. Не само заради мене, туку и поради репрезентацијата, соиграчите и селекторот.

Чувствувам дека повеќе не сум во можност на вистински начин да одговорам на репрезентативните обврски и сега е време чесно да го соопштам тоа.

Би сакал да се заблагодарам на сите соиграчи од репрезентацијата и целиот стручен штаб. Благодарност за селекторот Благоја Милевски за соработката и целата поддршка. Минавме и тешки и радосни моменти. Спомените ќе ги чувам засекогаш.

Во оваа репрезентација има талент и квалитет. Убеден сум дека ќе продолжат да напредуваат и да ја радуваат македонската спортска јавност. Оваа генерација на македонски фудбалери зад себе веќе има големи резултати и се што треба е да продолжат да даваат се од себе на секој натпревар за Македонија. Во победа или пораз, навивачите тоа го ценат.

Јас секогаш ќе бидам поддршка за тимот и цела репрезентација.

Напред Македонија“, стои во писмото објавено од Фудбалската федерација на Македонија.

Од ФФМ му се заблагодарија на Јаховиќ за се што направи за македонскиот дрес.

„Навистина ни е жал што поради здравствени причини во последниот период беше спречен да и помогне на селекцијата, но во моментите кога беше со тимот знаеме колку значеше за сите наши успеси. Благодарност за неговиот придонес во репрезентацијата. Му посакуваме уште многу радосни моменти на фудбалските терени и надвор од него. Пред се, многу здравје“.

Адис Јаховиќ дебитираше за Македонија на 14. ноември 2012 година на пријателскиот натпревар против Словенија. 

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…